Renault ја открива кабината на новиот Austral – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault ја открива кабината на новиот Austral

Renault продолжува да открива повеќе детали околу наследникот на Kadjar – новиот Austral.

Austral ќе воведе нов пристап кон дизајнирање на кабините на францускиот бренд. Од Renault кажуваат дека прават вистинска револуција, и дека кабината ќе биде просторна и модуларна, и дека просторот и технологиите ќе бидат ориентирани кон луѓето.

DESSIN DE Damien DURAND

Просторот за патници ќе нуди многу места за складирање и одлагање разно-разни предмети. Од Renault напоменуваат дека околу кабината ќе има капацитет за складирање дребулии од дури 30 литри. Пред возачот е поставен новиот OpenR дигитален во L-форма кој се протега од панелот со инструменти па сè до централната конзола. Вкупната површина за приказ е со дијагонала од 23 инчи, а системот ќе ги нуди сите модерни технологии за поврзување, информирање и забава.

Инаку, целиот систем е поставен на новата Google Automotive Services платформа, а доаѓа со можност за Android Auto и Apple CarPlay поврзување, како и Google Search фукционалност и интегрирани Google  Maps. Според Renault, 90% од потребните функционалности се на само две допирања на екранот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.