full screen background image
Search

Porsche Vision 918 RS е визија за наследник на славниот хиперавтомобил

Porsche го претстави концептот кој бил замислен како наследник на 918 Spyder, по завршувањето на неговото производство во 2015 година.

Хибридниот хиперавтомобил создаде нови стандарди со неговата карбонска каросерија, активната аеродинамика и неверојатните перформанси. Истовремено стана првиот сериски модел кој успеа да заврти еден круг на патеката Нирбургринг за помалку од 7 минути, на старата конфигурација.

Во обид да создаде еволуција на 918 која би „владеела“ на тркачките патеки и би била удобна за возење по патиштата, дизајнерскиот тим на Porsche го создал 918 RS Concept, кој доаѓа со уште понапреден погон и шасија.

Аеродинамички оптимизираната каросерија има мали сличности со оргиналниот 918, така што се одликува со многу остри ивици, меки облини и големи отвори за вентилација.

Карактеристични се двете перки на широките крила над задните тркала, како и една перка на кровот, масивниот дифузер, изменетиот преден поклопец и новите предни и задни светла.

Бидејќи е само концепт, Porsche не објави точно која погонска единица била планирана да биде вградена. Сепак, можеме со сигурност да кажеме дека би била уште посилна од 4.6-литарскиот V8 агрегат усогласен со два електрични мотори за комбинирана сила од 875 кс и 1,280 Nm вртежен момент, кој се вградуваше во 918 Spyder.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.