Electrogenic трансплатираше електрично срце во историскиот Citroen DS – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Electrogenic трансплатираше електрично срце во историскиот Citroen DS

Англиската компанија Electogenic го прероди Citroen DS како електричен рестомод со мануелна трансмисија.

Моделот Citroen DS сеуште е ценет како еден од најуникатните и најинтересни автомобили кој некогаш се произведувал. Неговиот иновативен дух перфектно одговара со идејата за модерен електричен погон, а Electrogenic одлучиле да го направат точно тоа со батериска конверзија.

Компанијата од Оксфорд ја задржала оргиналната каросерија на автомобилот, но го заменила 2.0-литарскиот бензински агрегат за нечуен електричен мотор, кој произведува 120 кс и 235 Nm вртежен момент. Интересен момент е дека силата продолжува да се испорачува кон предните тркала преку оргиналниот мануелен менувач.

Електричната енергија ја обезбедува пакет батерии од 48.5 киловат-часа, кој е сместен во кабината. Electrogenic ветува реален опсег од околу 225 километри со едно полнење, а тука е и полнач од 29 киловати кој ќе го наполни целиот капацитет на батериите за околу два часа. Доколку купувачот сака поголема батерија за поголем опсег помеѓу две полнења, може да биде снабден во комбинација со посилен полнач.

Познато е дека една од одликите која најдобро го опишува Citroen DS е волшебно меката хидро-пневматска суспензија. Electrogenic дополнително го подобриле системот со заменување на стандардната механичка со електрична пумпа, која е потивка и нуди уште поудобно возење од оргиналното.

Од надвор, единствените визуелни разлики помеѓу оргиналниот DS и електричната конверзија се недостатокот на издувни цевки и дискредната „DS EV electronique“ ознака на багажникот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.