Porsche подготви освежување за Macan – а тоа значи повеќе моќ за Macan, Macan S и Macan GTS! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche подготви освежување за Macan – а тоа значи повеќе моќ за Macan, Macan S и Macan GTS!

Помоќен, поостар и поспортски – така Porsche го опишува новиот Macan, чија GTS изведба има одлични 440 коњски сили!

Визуелните измени започнуваат со редизајнираниот преден дел кој наликува на оној на поголемиот Cayenne, но во подинамична, покомпактна изведба. Задниот дел добива нагласен дифузер, а сега сите верзии на Macan стандардно ќе доаѓаат со Sport Design странични ретровизори и уште неколку други детали. Macan ќе може да се нарача во една од 14 бои, меѓу кои и новите Papaya Blue Metallic и Gentian Blue Metallic. Во зависност од изведбата на Macan, стандардно ќе доаѓаат 19, 20 или 21-инчни тркала.

Кабината добива освежување кое го нагласува минимализмот – а тоа значи големи екрани и други хај-тек детали. Меѓу другото, Macan го добива и спортскиот управувач од новиот Porsche 911.

Но ајде малку за моторите! Основниот Macan и понатаму користи 4-цилиндерски турбо-бензинец, но сега тој е надграден да испорачува 265 коњски сили, кои овозможуваат спринт до 100 километри на час за 6.2 секунди, како и максимални 232 километри на час. Скалило погоре е Macan S кој користи 2.9-литарски твин-турбо V6.

Сега моторот испорачува 380 коњски сили, кои пак овозможуваат 0-100 за 4.6 секунди и максимални 259 километри на час. На самиот врв е темелно-ревидираниот Macan GTS кој го користи истиот 2.9-литарски твин-турбо V6, но сега доработен да испорачува моќни 440 коњски сили – кои пак резултираат со катапултирање до 100 километри на час за 4.3 секунди и максимални 272 километри на час.

Секако, сите верзии добиваат погон на сите четири тркала и PDK автоматски менувач со двојна спојка, како и сите други системи кои Porsche ги нуди. Интересен е новиот GTS Sport пакет за Macan кој го вклучува Sport Chrono пакетот, Porsche Torque Vectoring Plus системот, спортски седишта со 18 насоки на нагодување, многу карбонски детали и многу повеќе…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.