full screen background image
Search

Новиот Audi Q5 Sportback пристигна во Македонија!

Q5 Sportback е подинамичната изведба на популарниот SUV на Audi – и од денес, тој е веќе достапен и во Македонија!

Новиот Audi Q5 Sportback е замислен да се продава покрај постоечкиот Q5 и е наменет да биде подинамична и поспортска алтернатива на конвенционалниот SUV. До половината, двата модели се навистина слични, но разликите започнуваат по средишните столбови. Опаѓачката кровна линија на Q5 Sportback му дава на новиот SUV подинамичен, купеовски лик.

Q5 Sportback стандардно доаѓа со LED предни светла, а може да се нарачаат и Matrix LED предни светла, односно OLED задни светлосни групи. S-Line изведбите добиваат уште поостри браници, нијанса пониска суспензија како и поголеми тркала. Кабината е идентична со онаа во Q5, па добиваме 10.1-инчен MMI мултимедијален уред, како и 12.3 инчен Audi Virtual Cockpit Plus. Купувачите ќе можат да добијат и Bang & Olufsen премиум аудио уред, напредни системи за асистенција во возењето, и уште многу повеќе…

Audi го нуди новиот купе SUV со пакетите за опрема Advanced или S-Line. Разликите лежат во Singleframe решетката на предниот дел, страничните отвори за воздухот и особено задниот браник. Се нудат дури 12 бои, како и различни елементи за додатоци кои можете да ги изберете – како на пр. Black Пакет.

Долгото меѓуоскино растојание гарантира простор во внатрешноста. Со своите хоризонтални линии, ентериерот е елегантен и просторен. Внатрешните пакети на опрема „Design“ и „S-Line“ му даваат уште поелегантен или спортски изглед. Тие доаѓаат во широк избор на бои и материјали за тапацир, вклучувајќи врвна квалитетна Nappa кожа. Пакетот на опрема „Design“ вклучува пакет за амбиентално осветлување Plus – неговите ефекти на осветлување суптилно ја истакнуваат типичната завршна обработка на сите елементи од производството на Audi. Багажниот простор има волумен од 510 l, кој се зголемува до 1480 l со преклопување на задните седишта.

Поврзано:   Abt Sportsline го засили Audi RS6 на 790 коњски сили во чест на Јохан Абт

Q5 Sportback ја добива третата генерација на MIB3. Дигиталниот Audi Virtual Cockpit Plus со 12.3-инчен дисплеј и главниот дисплеј сe составен од инструмент таблата, а мултифункционалниот волан Плус, овозможува безбедно и едноставно ракување со најважните функции и дисплеи. MMI навигацијата Плус, зедно со инфозабавниот систем е поврзан со 10.1-инчен дисплеј на допир. Неговата гласовна контрола со природен говор го користи знаењето од интернет поврзувањето и може да се активира со изговарање „Еј Audi“. Многу поставки за возилото може да се зачуваат во индивидуални профили на корисници и да се зачуваат на порталот на клиенти myAudi.

Понудата започнува со 150 kW (204кс) 2.0 TDI мотор, кој сега може да влече приколка со тежина до 2.4 тони. Кровни шини се опционално достапни, како и Hill Descent Control за дополнителна безбедност. Стандардната спортска суспензија нуди директен контакт со патот, додека достапна е алтернативната суспензија со контрола на амортизерите или пак комплетна сестраност, која се добива од адаптивната воздушна суспензија.

За повеќе информации, посетете го салонот на Audi, или пак официјалната веб-страница на Audi.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.