Power Of Choice стратегијата на Peugeot ја дефинира еко-мобилноста на брендот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Power Of Choice стратегијата на Peugeot ја дефинира еко-мобилноста на брендот

До 2040 година, скоро 5 милијарди мажи и жени ќе живеат во градските подрачја. Да се направи урбаниот простор поднослив е еден од главните предизвици на 21 век, а тежнеењето за создавање подносливи градски средини го делат сите жители на градовите.

Факторите како што се квалитетот на воздухот, растот на е-трговија и доставата до дома, како и зголемувањето на бројот на алтернативни превозни средства го менуваат изгледот, сообраќајот и начинот на живот во големите урбани центри. PEUGEOT се прилагодува за ова ново сценарио со глобална посветеност на електрификација и има за цел до 2023 година да има 100% електрифицирана гама. Ова е овозможено денес, благодарение на урбаните возила како што се новиот PEUGEOT e-208 и PEUGEOT e-2008, но исто така благодарение на комплетната палета од 100% електрични комерцијални возила кои се подготвени да ги задоволат сите видови потреби за транспорт и испорака.

Како снабдувач на 360° мобилност, благодарение на својата палета електрични велосипеди, мопеди и скутери, но исто така и благодарение на присуството на своите возила во „Car-sharing” флотите – како Free2Move – PEUGEOT обезбедува еколошки решенија за да ги задоволи потребите за мобилност до последен километар.

Новите урбанистички планови почнуваат да се земаат предвид во развиениот свет. Плановите се фокусира на одржливост, отворање нови пешачки зони, но и велосипеди и возила напојувани од алтернативни енергии. Возилата со внатрешно согорување постепено се заменуваат со алтернативни транспортни модели. Како снабдувач на мобилност, PEUGEOT ја обезбедува слободата на движење на своите клиенти со многу различна палета на електрифицирани возила чии перформанси и автономија станаа референца на пазарот. Компактни автомобили, SUV, комерцијални возила, велосипеди, скутери… Сите играат улога во стратегијата за електрификација на брендот PEUGEOT.

„Моќта на изборот“ е еден од столбовите на технолошкиот напор на PEUGEOT. Новата генерација на електрифицирани автомобили им нуди на клиентите на брендот можност за избор на тип на енергија што одговара најдобро на нивните потреби и користење, без да се жртвува дизајнот, удобноста, нивото на опрема, просторноста, капацитетот на товарниот простор или задоволството при возење. Изборот на формата не ја диктира неговата употреба. Оваа филозофија е веќе реалност. Во патничките автомобили, со новиот PEUGEOT e-208, e-2008, 3008 Hybrid, 508 Hybrid и 508 SW Hybrid и во комерцијални возила, со PEUGEOT e-Expert, e-Traveller и e-Boxer. Сите тие го нудат истиот простор за товар и функции за помош на возачот како и нивните верзии со внатрешно согорување (бензин и дизел).

Поврзано:  Новиот Peugeot 3008 пристигна во Македонија!

Новите Peugeot e-208 и e-2008 се одличен пример за современи и навремени електрични автомобили. Батеријата со капацитет од 50 kWh овозможува автономија до 340 километри според WLTP мерењата, а моторот од 136 коњски сили и 230 Nm вртежен момент обезбедува повеќе од адекватни перформанси. е-CMP платформата која од самиот старт е развиена да понуди електрична верзија не направи никаков компромис во однос на пространоста, па електричните верзии не претрпуваат загуби во однос на патничката кабина или пак багажниот простор.

Кога станува збор за плаг-ин хибридни возила, PEUGEOT нуди една од најразновидните палети на пазарот.

Новиот PEUGEOT 3008 – најпродавано возило на брендот – е достапен во хибридна верзија со 225 КС (со погон на предните тркала) или 300 КС (со погон на сите тркала), а тука е и PEUGEOT 508 и 508 SW. Магичниот ефект на 100% електричен режим ZEV, ефикасноста на режимот на погон на сите тркала (HYBRID4), моќноста на спортскиот режим и разноврсноста на хибридниот режим обезбедуваат вистинско задоволство и адреналин при возење. Опсегот на plug-in хибридите на PEUGEOT овозможуваат до 4 режими на возење (Electric, Hybrid, Sport и 4WD) и ветува, без оглед на верзијата, 0 вибрации, 0 мириси, 0 бучава, 0 менувач, сите со 0 емисија на СО2 во режим на електричен погон. Сите овие верзии се одобрени во согласност со WLTP со рекордно-ниски нивоа на CO2. Што се однесува до автономијата во режимот ZEV, доволно е да се покријат поголем дел од потребите.

PEUGEOT сега е еден од главните играчи на овој пазар со лансирање на 100% електрични верзии на комерцијални верзии со средна и голема големина – новите PEUGEOT e-Traveller, e-Expert и e-Boxer. Базирани на мулти-енергетската модуларна платформа EMP2 (Ефикасна модуларна платформа), PEUGEOT e-Expert и e-Traveller овозможуваат 100% електричен погон со максимална моќност од 100 KW и максимален вртежен момент од 260 Nm достапен од самиот почеток непосредна реакција, без вибрации, бучава, менување брзини, мирис и, се разбира, емисии на СО2. Електричниот погонски агрегат е сличен на оној кај новиот PEUGEOT e-208 и новиот PEUGEOT e-2008.

Верен на Power of Choice стратегијата, новиот PEUGEOT е-Boxer нуди широк спектар на големини за да одговараат на секоја употреба и секоја работа. Базиран на 3 должини на меѓуоскиното растојание (3 m, 3,45 m и 4,04 m), затворените фургони доаѓаат во 4 должини (L1, L2, L3 и L4) и 3 висини (H1, H2 и H3), за вкупно 5 големини на зафатнина од 5 до 17 m³ и носивост до 1890 kg, во зависност од верзијата. Има и верзии кој се достапни за да се исполнат специфичните професионални потреби, со некои основи за трансформација: шасија со единечна кабина (L2, L3 и L4), двојна кабина (L3) и подот на кабината (L3 и L4). Оваа поставеност исто така ја подобрува цврстината, што го зголемува задоволството при возење како кај верзиите со внатрешно согорување благодарение на оптималната дистрибуција на тежината. Новиот PEUGEOT е-Boxer нуди двоен опсег. Во зависност од барањата, достапните капацитети на литиум-јонските батерии се 37 kWh и 70 kWh.

Поврзано:  Два Peugeot 9X8 хипер-автомобили ќе се натпреваруваат и на овогодинешниот Le Mans!

Како и патничките автомобили во гамата на PEUGEOT, електрифицираните верзии на комерцијалните возила не ги загрозуваат корисните перформанси, модуларноста или трансформациите специфични за професионалните клиенти и овозможуваат неограничен пристап до централните подрачја на градот. Гамата на комерцијални возила на PEUGEOT сега е 100% електрифициранa. Брендот неодамна ја заврши својата понуда со 100% електрична верзија на комерцијалното возило Peugeot Partner. Базиран на eCMP платформата, погонскиот агрегат ќе биде составен од 50 kWh електрично батерија со водно ладење со капацитет за полнење до 100 kW, електричен мотор од 100 kW / 136 КС и полнач за во автомобил достапен во две нивоа на моќност (Еднофазен 7,4 kW и трифазен 11 kW).

Што се однесува на мобилноста до „последниот километар“, PEUGEOT има широк спектар на електрични велосипеди, мопеди и скутери.  Во склоп на превозните средства на 2 тркала, eF01 – дизајниран од PEUGEOT Design Lab – е револуција на пазарот на електрични велосипеди кои се преклопуваат.

Со тежина од помалку од 20 kilogrami благодарение на алуминиумската рамка, тој се преклопува за само 10 секунди и секогаш останува наполнет благодарение на прилагодената станица за полнење што може да се инсталира во багажникот на PEUGEOT 3008 на пример. EF01 е опремен со менувач од 8-степени Altus Revoshift на Shimano и постигнува скоро 30 километри на час, но и може да помине над 60 километри со едно полнење на батериите. Во 2020 година, PEUGEOT Motocycles го „оживува“ еден од најпознатите иконски модели – PEUGEOT Ludix – со создавање електрична верзија PEUGEOT e-Ludix, кој ќе биде четвртиот модел на брендот со нулта емисија на СО2.

Поврзано:  Новиот Peugeot 3008 пристигна во Македонија!

PEUGEOT e-Ludix е идеален мопед за милениумци од 30ти и 40ти години, кои се желни за урбана мобилност и кои живеат, работат и се движат низ градот. Ретро, едноставен и урбан, Peugeot e-Ludix го отвора патот кон новиот концепт на урбана мобилност, со привлечно, удобно и безбедно возило за секојдневни патувања. е- Ludix може да се наполни до 80% за 3 часа и нуди автономија до 50 km. Доволно да патувате цел ден, без да се грижите за неговата батерија, имајќи ги предвид просечните растојанија кои ги поминуваат корисниците на превозни средства на две тркала.

Извор: PR Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.