Макпетрол предупредува за лажни пораки од наградни игри – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Макпетрол предупредува за лажни пораки од наградни игри

Од Макпетрол пристигна известување и предупредување за лажни СМС пораки за добиени награди.

Макпетрол ја информира јавноста и надлежните институции дека е забележана активност на непознат субјект кој претставувајќи се лажно под името на компанијата „Макпетрол”, испраќа СМС пораки до граѓаните и ги известува дека се добитници на награда.

Од Макпетрол додаваат – „Сакаме да потенцираме дека, компанијата Макпетрол има една наградна игра која се реализира под мотото „Верна секогаш со вас“. Добитниците од истата се истакнуваат на официјалните веб страни на компанијата и програмата за лојалност Верна, www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека добитниците на наградите од мастер колата се објавуваат и во емисијата Верна, секогаш со вас која се емитува на ТВ Телма. Дополнително, после секое извлекување среќните добитници се известуваат лично, преку телефонски разговор од официјалниот кол-центар на компанијата.“

Дополнително, од Макпетрол кажуваат дека случајот е веќе пријавен кај надлежните институции, и ги советуваат граѓаните доколку добијат вакви или слични смс пораки да го сторат истото и да не ги земаат за релевантни.

Извор: ПР Макпетрол



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.