full screen background image
Search

Купи Embraer Phenom 300E млазен авион и бесплатно ќе добиеш Porsche 911 Turbo S!

Имате 10-тина милиони Евра за Embraer Phenom 300E? Купете го ексклузивниот млазен авион и ќе добиете специјален Porsche 911 Turbo S!

Porsche и производителот на авиони Embraer денес ја објавија својата соработка, во форма на специјален авион и специјален 911 Turbo S. Embraer ќе произведе 10 примероци на Phenom 300E, а нивните купувачи ќе добијат и специјален 911 Turbo S.

Специјално-подготвениот 911 Turbo S ќе биде во двобојна комбинација – Platinum Silver Mеtallic боја во комбинација со Jet Gray Metallic за долниот дел и декоративните елементи. Меѓу двете бои има декоративни лајсни, а моделот ќе добие и специјални ознаки во облик на стилизирано авионско крило.

Кабината добива специјални No Step осветлени елементи на праговите (како во авион), како и козметички измени кои ја наговестуваат инспирацијата од пилотската кабина. Меѓу другото, кабината добива Speed Blue детали, површини обвиени во црна и сива кожа, како и карбонски пакет. Од Porsche кажуваат дека оваа конфигурација нема да биде достапна кај стандардниот 911, а секој автомобил ќе добие и специјална „One of 10“ ознака на конзолата пред совозачот.

Покрај моќниот 911 Turbo S, ќе добиете и уште неколку додатоци – прекривка за вашиот ексклузивен автомобил, специјален сет багаж, скапоцен 1919 Globetimer UTC рачен часовник…

Во ред, и колку треба да одвоите за сето ова? Официјални цени не кажуваат ниту Embraer ниту Porsche, но цените за Embraer Phenom 300 почнуваат од околу 9 милиони Евра…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.