full screen background image
Search

Новиот 2008 му донесе уште една Auto Europa титула на Peugeot!

Новите модели на Peugeot продолжуваат да освојуваат награди и признанија – а најновата доаѓа од Италија, каде новиот 2008 е избран за „Аuto Europa 2021“ од страна на UIGA – италијанскиот сојуз на автомобилски новинари.

Уште на почетокот вреди да се напомене ова е 6-ти модел на Peugeot кој ја освојува оваа престижна награда, откако Peugeot 207 беше крунисан во 2007 година, 3008 во 2010 година, 208 во 2013 година, 2008 во 2014 година и 308 во 2015 година. Денес оваа награда е доделена на новата генерација на Peugeot 2008, модел кој е исто така многу успешен на италијанскиот пазар каде веќе освои над 20.000 клиенти.

За прв пат, покрај членовите на UIGA, на гласањето учествуваа одреден број на инфлуенсери, но и јавноста – кои овозможија да се одберат најдобрите од седумте финалисти. Наградата „Аuto Europa“ е наменета за водечки автомобил што е предодреден да стане еден од најголемите играчи на италијанскиот пазар за следната година. Победникот се бира меѓу 15 кандидати и мора да е произведен во Европа во најмалку 10.000 примероци.

Новиот Peugeot 2008 се истакнува со својот особено иновативен и впечатлив стил. Неговото технолошко ниво достојно за повисоките сегменти и новиот иновативен PEUGEOT i-Cockpit® 3D, го развиваат уште повеќе возачкото искуство. Подеднакво иновативен е и концептот „Power of Choice“, благодарение на кој е можно да се избере помеѓу 100% електричен мотор или од опцијата со внатрешно согорување.

Салваторе Интернуло, Бренд Менаџер на Peugeot во Италија изјави: „Оваа награда уште еднаш ја потврдува прецизноста на индустрискиот проект на PEUGEOT, кој, со своите платформи и наметлив дизајн, потекнува од новиот автомобилски концепт. Тој е остар автомобил со врвен квалитет, но пред сè со многу високо ниво на технолошка иновација, исто така поврзан со 100% електричен мотор. Во Италија, за само неколку месеци, 20.000 клиенти веќе го избраа новиот PEUGEOT 2008. Со оваа нова фаза, брендот PEUGEOT значително го зголемува својот имиџ и пазарен удел на италијанскиот пазар“.

Ние веќе го возевме новиот Peugeot 2008, и тоа опремен со одличниот 1.2-литарски THP турбо-бензинец со 120 коњски сили. Прочитајте го нашиот тест на новиот Peugeot 2008 и дознајте ги нашите впечатоци за популарниот SUV на Peugeot.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Peugeot го прославува 210-годишниот јубилеј со новиот 508 Peugeot Sport Engineered!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.