full screen background image
Search

Seres – електричниот бренд на кинескиот DFSK – ги испорача првите 200 возила во Германија

Кинескиот гигант DFSK своите електрични возила ќе ги лансира под брендот Seres – и 200 примероци од моделот Seres 3 веќе се на пат кон Германија.

Со лансирање на брендот Seres, кинескиот гигант сака да ги приближи своите возила до европските купувачи – и веќе ја започна европската офанзива. Од DFSK пристигна известување дека 200 примероци од електричниот SUV – Seres 3 –  се веќе на пат кон Германија.

Со пристигнувањето на електричните возила во Европа, кинескиот бренд најавува сериозна експанзија на дилерската мрежа, како и постепено зголемување на гамата на понудени модели. За Seres 3 знаеме дека е електричен SUV кој е придвижуван од електромотор кој испорачува 163 коњски сили, како и 300 Nm вртежен момент. Seres 3 користи батерија со капацитет од 52 kWh. Батеријата би требало да овозможи автономија од над 300 километри.

Страгетијата на кинескиот бренд е да понуди три различни групи на возила – патнички возила, меѓу кои е и Glory 580 кој ние го возевме минатата година, комерцијални возила кои веќе наоѓаат голем број на купувачи ширум Европа, и конечно – да понуди модерни и ценовно подостапни електрични возила кои ќе ги привлечат пребирливите европски купувачи.

Од македонскиот застапник на DFSK и Seres – ABC Brother – добивме информација дека првите примероци на Seres 3 ќе пристигнат кај нас уште на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.