Вечерно Кино: La Carrera Panamericana – Најпривлечната долгометражна трка во Мексико! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: La Carrera Panamericana – Најпривлечната долгометражна трка во Мексико!

Одржувана од 1988 година, спектакуларната La Carrera Panamericana претставува еден од последните настани од мотоспортот во светот кој вклучува затворени тркачки патеки и брзински делови на јавни патишта, а сето тоа е обезбедено од државната власт во период од 7 дена, во кои се помиуваат 2000 милји.

Организирана да се оддаде чест на истоимената трка, која се одржувала 4 години во 1950-тите, оваа трка е поглед кон историјата на мотоспортот. Протегајќи се од јужната до северната граница на Мексико, познатата трка со историски возила претставува многу привлечен настан, за учесници од целиот свет.

Најголемо признание за ова и има дадено токму производителот Porsche, кој има именувано дури два модели по неа – Carrera и Panamera. На трката учествуваат легендарни модели како Ford Mustang, Porsche 911, BMW 2002, Mercedes Benz W111, Karmann Ghia и многу други.

Бидејќи трае речиси еден час, подгответе си пуканки и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.