full screen background image
Search

Бензините поскапуваат по два денари, дизелот за половина денар.

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва ќе се зголемат цените на горивата.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просел за 2.37%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат по два денари, па еден литар од овие горива ќе чини 60.50, односно 62.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за половина денар, и еден литар дизел ќе чини 49.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.