full screen background image
Search

РЕГУЛАТОРНА: Бензините поевтинуваат за 0.5 денари, дизелот за денар и половина!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ ќе се намалат цените на бензините и дизелот.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1.73%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 0.5 денари за литар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 59.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 61.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.50 денари, па еден литар дизел гориво ќе чини 50.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.