full screen background image
Search

Вечерно Кино: Porsche Panamera Turbo постави рекорд на Nurburgring!

Неодамна Porsche Panamera постави рекорд во својот сегмент на Nurburgring – а вечерва го имаме видеото од рекордерското возење!

Panamera и официјално е најбрз „Executive Car“ на легендарниот Nurburgring. Зад управувачот на камуфлиран (но прилично препознатлив) сериски примерок од фејслифтираната Panamera која ќе дебитира наскоро, возачот Lars Kern постави време од 7:29.81.

Сега за сега од Porsche не објавуваат детали околу карактеристиките на погонот на освежената Panamera, па ќе напоменеме дека сегашната Panamera Turbo има 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 550 коњски сили 770 Nm кон сите четири тркала.

Погледнете го возењето подолу!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.