full screen background image
Search

Макпетрол ќе донира медицинска опрема за справување со Ковид-19

Од Макпетрол тукушто стигна известување дека на Министерството за Здравство ќе му донира медицинска опрема во вредност од 3.200.000,00 денари.

Од компанијата кажуваат дека „земајќи предвид дека нашата, како и повеќето земји во Европа и Светот, се соочува со последиците од пандемијата со новиот Коронавирус, „КОВИД-19“, Макпетрол АД како општествено одговорна компанија одлучи да донира соодветна медицинска опрема во вредност од 3.200.000,00 денари на Министерството за Здравство.“

Дополнително, додаваат дека „ова е време кога е потребна солидарност и поддршка. Во борбата против вирусот „КОВИД-19“ не можеме да се бориме како индивидуи, туку, заедно како општество.“

Макпетрол АД е целосно подготвен и е на располагање за соработка со сите државни институции во борба против вирусот „КОВИД-19“. Компанијата апелира и до потрпшувачите, да внимаваат да не се создаваат непотребни застои и групирања на бензинските пумпи, максималната бројна во на присутни во продавниците да се ограничи на три лица, како и да се одржува препорачаното растојание додека се чека во ред за било каква услуга. Дополнително, апелираат за стрпливост, почитување на советите, внимавање на хигиената и намалувањето на непотребниот физички контакт.

Извор: PR Макпетрол



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.