ПРЕМИЕРА: Jesko Absolut е најбрзиот Koenigsegg на сите времиња! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Jesko Absolut е најбрзиот Koenigsegg на сите времиња!

Koenigsegg го претстави моделот Jesko Absolut, кој според зборовите на компанијата е најбрзиот автомобил кој ќе излезе од нивната фабрика.

Ова тврдење се должи на посветеноста на брендот да го направи овој модел да биде брз како ракета. Па затоа, инженерите на Koenigsegg ја модифицирале каросеријата на моделот да има низок коефициент на воздушен отпор од само 0.278 Cd, но исто така и да нуди голема потисна сила за да го задржи прилепен кон патот. При брзина од 250 км/ч Jesko Absolut произведува потисна сила од 800 килограми, при 275 км/ч е притиснат од 1,000 килограми, а максималната потисна сила изнесува 1,400 килограми.

Аеро измените вклучуваат отстранување на отворот за воздух на предниот поклопец и страничните крила на предниот браник. Исто така изваден е и големиот заден спојлер, наместо кој се поставени две перки инспирирани од ловецот F-15 кои го стабилизираат автомобилот при високи брзини.

Jesko Absolut вози на поинакви аеродинамични 21-инчни фелни, обвени во 325/30 пневматици и има покомпактна предна суспензија. Неговиот 5.0-литарски твин-турбо V8 останува неизменет и продолжува да произведува 1,600 кс и 1,500 Nm вртежен момент. Тој е усогласен со девет-степена трансмисија и електронски диференцијал.

Благодарение на супер-лесната конструкција од карбон, автомобилот тежи само 1,320 килограми. Иако е екстремно брз модел, Koenigsegg вели дека може да се вози секојдневно бидејќи е поудобен од стандардниот Jesko.

Производителот не ја објави официјалната максимална брзина на Jesko Absolut, но изјави дека е способен да постигне многу поголеми брзини од сите целосно хомологирани автомобили до сега. Дали ќе успее во тоа, останува да видиме.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.