Први фотографии од новиот Hyundai i20! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први фотографии од новиот Hyundai i20!

Hyundai се подготвува да ја претстави најновата – и подинамична – генерација на градскиот i20 – и веќе се појавија и првите фотографии!

Новата генерација ќе донесе и многу новитети, но сега за сега можеме да го видиме само екстериерот. Од она кое можеме да го видиме на фотографиите, новиот i20 ќе добие значително позатегнат дизајн – предниот дел добива поширока маска на ладилникот, спортски браници, заострени предни светла и големи отвори за воздух. На задниот дел вниманието го задржуваат уникатно-изведените задни светла, како и спортскиот дифузер.

Веќе знаеме дека ќе бидат понудени двобојни комбинации за каросеријата. Наскоро ќе дознаеме како ќе изгледа и кабината, а ќе знаеме повеќе и за моторите. Сепак, очекуваме гамата на мотори да ја сочинуваат добро-познатите 1-литарски T-GDI турбо-бензинци, како и еден 1.2-литарски атмосферски бензинец.  Не е исклучена ниту хибридна варијанта, а познавачите сугерираат дека ќе добиеме и N модел со добро-познатиот 1.6-литарски турбо-бензинец на Hyundai (кој ние го пробавме минатата година во Hyundai Kona), кој би требало да испорачува повеќе од 200 коњски сили.

Наскоро ќе знаеме повеќе, по официјалната премиера во Женева.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.