Luca De Meo се враќа каде започна – станува извршен директор на Renault – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Luca De Meo се враќа каде започна – станува извршен директор на Renault

Човекот кој до неодамна беше извршен директор на SEAT од 1ви Јули ќе ја има истата позиција во Renault – компанијата во која ја започна својата кариера во автомобилската индустрија.

Францускиот производител Renault го назначи Luca de Meo – кој до пред само неколку недели беше на истата позиција во SEAT – за нов извршен директор. De Meo ќе ја преземе улогата официјално на 1ви Јули, а ќе дојде на местото на Clotilde Delbos, која ќе остане на позицијата до 1ви Јули, а понатаму ќе биде заменик извршен директор.

Одложувањето на стартот на Luca de Meo во Renault е поради клаузула за не-компетитивност во договорот на De Meo со Volkswagen. Тој нема да смее да работи во конкурентска компанија пет месеци.

Инаку, Luca De Meo всушност се враќа во Renault – тој својата кариера ја започна токму во Renault, во 1992-рата година, во одделот за маркетинг. По пет години во Renault, отиде во Toyota, во 2002-ра се префрли во Fiat Chrysler, a во 2009-тата година замина во Volkswagen Group каде имаше неколку различни улоги.

Силен атрибут на De Meo е неговото познавање како на француската, односно европската, така и јапонската култура. Ова е особено важно, бидејќи тој ќе мора да се соочи со предизвикот во однос на „пеглање“ на разликите меѓу Renault и Nissan.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.