full screen background image
Search

РЕГУЛАТОРНА: Бензините поевтинуваат по половина денар, дизелот еден денар

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, за нијанса пониски цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1.8%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по половина денар, па еден литар од овие горива ќе чини 67.50, односно 69.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за еден денар и еден литар дизел гориво од вечерва ќе чини 60.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.