full screen background image
Search

Alfa Romeo подготвува Giulia Quadrifoglio GTA со 600+ коњски сили!?

Alfa Romeo оваа година ќе го слави својот 110-ти роденден – и дали токму екстремна верзија на веќе моќната Giulia Quadrifoglio е подарок наменет како за самиот бренд, така и за купувачите?

Според некои гласини кои почнуваат да земаат замав а потекнуваат од MoparInsiders (кои пак се повикуваат на извори во FCA), Alfa Romeo подготвува верзија на Giulia Quadrifoglio која ќе ја носи легендарната GTA ознаката. GTA ознаката потекнува од Gran Tourismo Alleggerita – а токму зборот Allegerita е важен, бидејќи на италијански значи „олеснета“. Според изворите во FCA, Giulia GTA ќе биде околу 20 килограми полесна од веќе лесната Giulia Quadrifoglio, но истовремено ќе добие и повеќе моќност.

Гласините кажуваат дека Giulia GTA ќе има 620 коњски сили – односно 120 коњски сили повеќе од „обичната“ Giulia Quadrifoglio. Под поклопецот ќе остание истиот 2.9-литарски твин-турбо V6 со потекло од Ferrari, но тој очигледно ќе биде сериозно доработен за да може да ги испорача дополнителните перформанси.

Секако, сега за сега ова се само гласини – но гласините веќе најавуваат и кога би дебитирала Giulia GTA – а тоа е 24ти Јуни, денот кога официјално ќе започне прославата на роденденот на Alfa Romeo во Милано.

Во меѓувреме, погледнете го нашиот тест на Alfa Romeo Giulia Veloce. :)



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.