full screen background image
Search

Skoda објави скици од ентериерот на новата Octavia

Како што се наближува официјалната премиера на новата Octavia, така Skoda забрзано објавува нови детали околу популарниот модел.

Од она кое можеме да го видиме на скиците, новата Octavia ќе има темелно модернизирана кабина – која започнува со „слоевитата“ конзола, како и нов, двокрак управувач. На средина гледаме голем екран, како и физички контроли за некои функционалности поставени под него.

Исто како и новиот Golf, и Octavia ќе добие мала рачка за DSG менувачот. За прв пат, Octavia ќе добие и тро-зонски Climatronic клима уред, а редизајнираниот управувач има задача да ја подобри ергономијата во самиот автомобил.

Премиерата е закажана за 11ти Ноември – треба само уште мааааалку да бидеме трпеливи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.