Посебна финансиска понуда за комерцијалните возила на Peugeot – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Посебна финансиска понуда за комерцијалните возила на Peugeot

Гамата на комерцијални возила на Peugeot го користи слоганот „Од професионалци за професионалци“ – и сега комерцијалните возила на францускиот бренд се достапни преку посебна финансиска понуда во соработка со ПроКредит банка.

Peugeot нуди гама на комерцијални возила кои придонесуваат за успешно и ефикасно работење на многу компании од многу сегменти, како што се дистрибутивни компании, призводители на прехрамбени производи, трговци со бела техника, мебел, фармацевтски компании, компании од енергетиката, телекомуникациски, услужни дејности, јавни институции, министерства и државни органи.

Комерцијалните возила Partner, Expert и Boxer се возила за сечии потреби, создадени од професионалци за професионалци.

Согласно потребата за која намена е возилото, истите може да бидат со различен волумен, различна носивост, облик на каросерија, број на седишта… Секој трговец, менаџер или вработен во големо или мало претпријатие кој има потреба од комерцијално возило, кое треба да биде економично, корисно, безбедно, комфорно, може да се обрати во Еуроимпекс, или кај еден од овластените дилери ширум нашата земја – кои ќе креираат понуда која најдобро одговара на вашите барања.

Во соработка со ПроКредит банка, креирана е финансиски најисплатливата понуда за вас:

Peugeot Partner 1.5 BlueHDi / 75КС – Комерцијално возило на годината
Цена:13.500€ или 834.300 мкд (вкупна вредност со вклучен ДДВ)
Учество:20% (или 0% по избор на клиентот)
Камата:5%
Период на отплата: 5 години
Месечна рата: 205€ или 12.669 мкд

Условите за кредитирање се одредени од страна на ПроКредит банка. За повеќе информации посетете ги продажни салони во Еуроимпекс и дилерската мрежа или контактирајте со тимот на ПроКредит Банка.

Извор: PR Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.