full screen background image
Search

Регулаторна: Горивата поевтинуваат по еден денар

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – бензините и дизелот од вечерва на полноќ поевтинуваат по еден денар.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 1.77%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за 1.00 денари. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 68.50 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 71.00 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 63.00 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.