Повторно одржан Distinguished Gentleman’s Ride – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Повторно одржан Distinguished Gentleman’s Ride

Во Скопје денес повторно се одржа Distinguished Gentleman’s Ride, каде отмено облечени господа и нивните кул моторцикли дефилираа низ главниот град.

Иако моторциклите не се во нашиот примарен домен на интерес, сепак со задоволство ги поддржуваме ваквите настани. Distinguished Gentleman’s Ride е дел од глобалната Movember иницијатива. Класични и винтиџ моторцикли – како и нивните сопственици и многу поддржувачи – се обединуваат во поддршка на на истражување на ракот на простатата и подигање на свеста околу машкото ментално здравје.

Оваа година локалниот настан имаше многу поддржувачи – меѓу кои ги вбројуваме Мотоцентар, My Time, Маратон Адвертајзинг и многу други.

Да не должиме многу – погледнете ги фотографиите од дел од денешното дружење со Distinguished Gentleman’s Ride.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.