Lexus LC 500 Inspiration Series добива ексклузивна Nori Green Pearl зелена боја и многу ситни детали кои го прават спектакуларното купе уште поспецијално.
Измените не се драстични, но целосниот пакет е навистина интересен. Приказната започнува со Nori Green Pearl зелената боја, а продолжува со двобојни 21-инчни тркала.
Кабината на LC 500 Inspiration Series е обвиена во привлечна комбинација од црна и кафена кожа. Црна кожа со кафени опшивки ќе најдете на управувачот, вратите и на централната конзола, додека кафената кожа е користена за спортските седишта. Интересен детал се ласерски-исечените заштитни панели на вратите кои влечат инспирација од задните светла.
LC 500 Inspiration Series користи 5-литарски V8 кој испорачува 480 коњски сили и ја пренесува силата кон задните тркала преку 10-брзински автоматски менувач. Ние веќе имавме можност да го возиме LC – и тоа во хибридната LC500h изведба. Инаку, LC 500 Inspiration Series ќе биде произведен во само 100 примероци.