ABT подготви своја екстремна верзија на Audi RS4 со 523 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ABT подготви своја екстремна верзија на Audi RS4 со 523 коњски сили!

Тјунерите од ABT се специјализирани за „дотерување“ на моделите од Volkswagen групацијата – и веќе му посветија малку внимание на најновиот Audi RS4.

Ако сакате еден примерок – побрзајте, ќе бидат произведени само 50 примероци а испораките ќе започнат во Март. Она што ќе го добиете со Audi RS4+ (таа е ознаката која ќе ја користи ABT) се 503 или 523 коњски сили, нов спортски издувен систем со четири завршетоци и многу детали и украси од карбон. Ќе добиете и ревидирана суспензија на која самите ќе можете да ја одберете висината.

Екстериерот добива карбонски детали околу маската и сплитерот, како и нов заден спојлер. Тркалата се заменети со поголеми, 20-инчни примероци. Кабината добива ABT лого на старт-копчето и на уште неколку места. Измените се суптилни, но сосем доволни да го издвојат примерокот на ABT од „обичниот“ RS4 кој има 444 коњски сили и 600 Nm вртежен момент.

Плус, изгледа е одличен автомобил за чистење снег!

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.