full screen background image
Search

Сопственичка на Hyundai Elantra поминала 1.609.000 километри со својот автомобил!

Просечниот возач во Америка поминува околу 22.500 километри годишно со својот автомобил – но таа бројка кај Farrah Haines е неколкукратно поголема!

Farrah Haines работи како возач за испораки во Канзас – и во просек секоја година поминува околу 200.000 милји, односно 321.600 километри со својот автомобил. Всушност, таа вози толку многу, што за само пет години се приближила до бројката од 1 милион милји – односно 1.609.300 километри!

Бидејќи дигиталниот бројач за изминати милји (па и километри) кај Hyundai Elantra оди само до 999.999, од Hyundai подготвија специјална 1 Million Mile значка поставена до бројачот кога таа надмина 1 милион милји. Сега ваков знак ќе добијат сите возачи на Hyundai кои ќе поминат повеќе од 1 милион милји.

Она што е особено импресивно е дека возилото на Farrah Haines сè уште ги користи оригиналниот мотор и менувач. Инженери на Hyundai всушност го тестирале автомобилот за да бидат сигурни дека подвигот е навистина легитимен. Проверени се броевите од лиењето на моторот, каблите кои се користени, па дури и носачите на моторот.

Бидејќи сето тоа било во ред, од Hyundai подготвија вистинско изненадување  за Farrah – тие и подарија целосно нова Hyundai Elantra!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.