full screen background image
Search

Mercedes-Benz на CES ќе го претстави новиот CLA

Consumer Electronics Expo започнува на 9ти Јануари, а Mercedes-Benz токму во Лас Вегас ќе го претстави новиот CLA.

Со најавата дека CLA ќе биде претставен во Лас Вегас доаѓа и една единствена фотографија од новиот автомобил, каде јасно и гласно се истакнува кровната линија која треба да асоцира на купе, но и која го издвојува CLA од „обичната“ А-Класа.

Секако, CLA ќе биде базиран на А-Класата, но со засебен идентитет во однос на хечбекот, највеќе заради купе-седанската линија. Според она што ни го кажуваат од Mercedes-Benz, новиот CLA ќе биде „најемотивниот автомобил во својата класа“ и „високо-интелигентен автомобилски примерок“ – а тоа најверојатно сугерира кон унапредена верзија на MBUX системот за интеракција со возилото кој дебитираше кај А-Класата.

Наскоро ќе знаеме повеќе, но веќе знаеме дека дизајнот на CLA е дело на македонскиот дизајнер, Славче Таневски.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.