Porsche го завршува тестирањето на новиот 911 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche го завршува тестирањето на новиот 911

Секоја нова генерација на легендарниот 911 поставува нови стандарди – и токму затоа Porsche веќе го најавува новиот модел – и ни кажува повеќе за процедурите за развој и тестирање.

Моделот 911 постои веќе 55 години низ седум различни генерации. Најновата, осма генерација треба секој момент да биде и официјално претставена, а денес ќе погледнеме малку „зад кулисите“ и ќе видиме како се развивала и тестирала новата „деветсто-единаеска.“

Новиот 911 е тестиран не само во Германија и на Nurburgring, туку и на Арктикот во Финска, низ Долината на Смртта во пустините на Калифорнија, па и низ карпестите планини во Колорадо. Секако, бидејќи 911 е спортски автомобил, тестирања се правени и на многу познати тркачки патеки ширум светот – како што е на пример патеката Nardo во Италија.

„Покрај извонредните перформанси, она што е важно е дека 911 е автомобил кој може да се вози секој ден, а тоа го става во засебна класа.“ – изјави проект менаџерот на 911 Andreas Pröbstle – „Затоа го тестираме 911 во сите можни услови, во секакви временски услови и во сите региони. Погонот мора да работи безгрешно, исто како и течностите, системите, оперативните процеси и дисплеите. Само така можеме да бидеме сигурни дека автомобилот може да патува низ сите региони ширум светот без проблеми.“

 

Новиот 911 ќе пристигне во салоните на почетокот на следната година – а тоа значи дека премиерата ќе се случи.. Кај и да е!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.