full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Марк Хигинс и Subaru го поминаа Трансфагарашан за 41 минута!

Рели возачот Марк Хигинс повторно постави молскавично брзо време на предизвикувачка патека, а овојпат станува збор за планинскиот премин Трансфагарашан во Романија.

84.3 долгиот планински премин е богат со 688 бескрајни свиоци и темни тунели, а патот е опколен со многубројни опасни карпести падови. Сепак, и покрај предизвикувачкиот терен, Хигинс морал да се справи со уште еден многу важен фактор – времето кое се менувало од чисто небо кон магла и дожд за само неколку минути. Сето тоа го прави овој рекорд со еден збор фантастичен!

Погледнете како изгледал амбициозниот потег!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.