full screen background image
Search

Најава за иднината: Peugeot го претстави исклучителниот E-Legend концепт!

Францускиот производител подготви исклучителен концепт наменет да ја претстави визијата на Peugeot за електричен спортски автомобил опремен со највисоката технологија.

Ако се прашуваат луѓето од Peugeot, иако автомобилите на иднината ќе бидат електрични и во голема мера автономни, сепак ќе постојат и автомобили кои ќе бидат возбудливи.

Токму тоа е e-Legend. Официјалното деби е закажано за Саемот на Автомобили во Париз, 50 години по претставувањето на 504 Coupe. Новиот автомобил влече инспирација од стариот модел, но без притоа да оди премногу кон ретро дизајнот. Главниот дизајнер на Peugeot – Gilles Vidal – изјави дека e-Legend е дизајниран намерно да нуди контраст со последниот концепт кој го носеше името Instinct. Тој изјави дека „тоа резултирало со форма која е ориентирана кон иднината и зборуваат за не-здодевна иднина каде имаме автомобили кои изгледаат спори и минималистички.“

„Луѓето се емотивни животни, ајде да имаме возбудливи нешта“ – изјави тој.

Под интересниот стајлинг се крие вистинско хај-тек ремек дело. За придвижување на коцептот се задолжени два електромотори – по еден на секоја оска – кои испорачуваат вкупно 456 коњски сили и 800 Nm вртежен момент. Забрзувањето до 100 километри на час трае помалку од четири секунди, а максималната брзина е 220 километри на час. Батерискиот модул има капацитет од 100 kWh, кој пак нуди автономија од скоро 600 километри.

На возачот ќе му бидат достапни два режими на работа – Legend режимот функционира преку два дисплеи кои функционираат како инструмен панел. Тука е и Boost режимот кој користи само еден дисплеј и проектира информации од камерите на автомобилот кон специјални површини внатре во кабината. Седиштата се обвиени во ретро материјал кој евоцира спомени на 504 Coupe.

Поврзано:   АВТОбиографија: Блажо Симоновски и неговото журка-на-тркала Peugeot 106 Rallye!

Инаку, e-Legend може да функционира и како hands-free автономно возило од четврто ниво. Најновата верзија на i-Cockpit системот целосно се вовлекува кога не е потребна и со тоа во кабината има уште повеќе простор, а автомобилот ја „зема работата во свои раце“.

Концептот ќе биде прикажан во Париз, а дали ќе резултира со некаква сериска верзија останува да видиме.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.