Отишол на одмор во Дубаи – „собрал“ казни за брзо возење во вредност од 45.000 долари! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Отишол на одмор во Дубаи – „собрал“ казни за брзо возење во вредност од 45.000 долари!

За Британец кој решил ова лето да одмара во Дубаи, годишниот одмор може да биде навистина скап!

BBC пренесува вест од весник од Обединетите Арапски Емирати – The National – каде се зборува за британски турист кој отишол на одмор во Дубаи и „собрал“ казни за брзо возење во вредност од 45.000 долари! Британецот изнајмил Lamborghini Huracan и ја пречекорил максимално дозволената брзина на еден од најкористените патишта во Дубаи во периодот меѓу 2:30 и 6:00 наутро.

Всушност, британецот успеал да ја активира секоја камера за брзо возење на Sheikh Zayed Road автопатот – најдолгиот пат во Обединетите Арапски Емирати, долг скоро 560 километри. На некои делници постигнал брзини од преку 240 километри на час.

Компанијата која му го изнајмила италијанскиот супер-автомобил на британецот открива дека тој го остаил својот пасош како гаранција за автомобилот, но тие одбиваат да го преземат автомобилот и да му ги вратат патните исправи на британецот бидејќи се плашат дека ќе бидат одговорни за казните – тие се на име на сопственикот на автомобилот а не на возачот кој не е жител на Дубаи.

Од компанијата кажуваат дека иако тие во моментов го имаат неговиот пасош, ништо не го спречува туристот да оди во британската амбасада и да ги пријави своите патни исправи како изгубени, да добие нови и неказнет да замине од државата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.