Nissan и Italdesign го направија врвниот GT-R50 за заедничкиот 50-ти роденден! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan и Italdesign го направија врвниот GT-R50 за заедничкиот 50-ти роденден!

Nissan слави 50 години GT-R, а италијанското дизајнерско студио слави 50 години постоење – одлична причина за заедничка прослава во форма на Nissan GT R50 by Italdesign.

Првата соработка меѓу Nissan и Italdesign доаѓа токму сега, и тоа во форма на „неограничен“ GT-R. Интересно е што Italdesign стои позади развојот, инженерингот и креирањето на овој прототип, додека инженерите на Nissan го доработија моторот.

Она што ќе го забележите се уникатните златни детали, нов поклопец на моторот, теееееееенки LED предни светла, понизок кров – и тоа за цели 54 милиметри – и многу, многу остри агли. Бојата е Liquid Kinetic Gray со Energetic Sigma Gold детали. Тркалата се – секако – големи (21-инчни) и со уникатен дизајн. Кабината добива дигитален инструмент-панел, целата конзола е обвиена во Алкантара и многу детали се или во златна боја, или од карбон.

Вистински скапоцен камен во приказната е моторот. NISMO дивизијата му посвети внимание на рачно-изработениот 3.8-литарски твин-турбо V6 – доби поголеми тркачки турбополначи, поголеми интеркулери и многу, многу зајакнати компоненти. Резултатот на сето тоа се 720 коњски сили и 780 Nm вртежен момент. Зајакнат е шест-брзинскиот менувач со двојна спојка за да може да ја издржи зголемената моќност. Силата се испорачува кон сите четири тркала, а во секој агол има Bilstein DampTronic прилагодливи амортизери.

 

Среќен роденден GT-R и Italdesign!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.