ПРЕМИЕРА: Rolls-Royce Cullinan – Првиот супер-луксузен SUV на светот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Rolls-Royce Cullinan – Првиот супер-луксузен SUV на светот!

Со Cullinan, британскиот производител на супер-луксузни автомобили го испорачува – како што и самите кажуваат – првиот „Ролс-Ројс“ на SUV-моделите!

Луѓето од Rolls-Royce настапуваат самоуверено и кажуваат дека Cullinan е најочекуваниот автомобил на 2018, и можеби најочекуваниот Rolls-Royce на сите времиња. Cullinan е именуван по најголемиот дијамант некогаш пронајден, кој денес е дел од Британската Кралска Колекција и всушност сака да овозможи да одите било каде, без никаков напор.

Како што и очекувавме, задолжен за задвижување на големиот супер-луксузен SUV е 6.75-литарскиот твин-турбо V12 кој испорачува 565 коњски сили и 850 Nm вртежен момент кон сите четири тркала преку 8-брзински автоматски менувач. Истовремено, благодарение на платформата која ја дели со Phantom, 2665 килограми тешкиот Cullinan е технолошки најнапредниот и единствениот супер-луксузен SUV на светот.

Во кабината, оние во вториот ред седишта седат повисоко од оние на првиот, со цел да се истакне доминантноста на Cullinan, а патничката кабина е целосно одвоена од одделот за багаж – за да се зачува рафинираноста и мирот во возењето кои се карактеристични за Rolls-Royce. Би ни требало премногу време да ги наброиме сите технологии и активни системи за безбедност кои се дел од Cullinan, па само ќе напоменеме дека големиот SUV ја има истата Magic Carpet Ride суспензија која ја добива и Phantom – секако, тука е рекалибрирана за новиот голем автомобил.

Цените ќе започнуваат од околу 210.000 Фунти, односно 240.000 Евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.