full screen background image
Search

Денес се одржа првото DFCCA хуманитарно возачко дефиле!

Денес организацијата на DFCCA – Drive for Colon Cancer Awareness – го одржа своето хуманитарно возачко дефиле – кое се одржа во 13 градови во Македонија, односно во 100 различни градови ширум светот.

Во нашиот главен град земаа учество околу 60-тина автомобили и нивните горди сопственици – па можевме да видиме неколку навистина ретки и несекојдневни возила. Вниманието ни го задржаа големиот Dodge Ram 1500 Laramie, одличниот црвен Ford Mustang, старите примероци на Mercedes-Benz, американскиот Chevrolet Corvette, деминутивниот Daihatsu Copen и уште многу, многу други автомобили.

Автомобилите возеа по претходно-дефинирана рута, и мораме да признаеме дека беа вистинска „појава“ на улиците на нашиот главен град. Годинава учество земаа и нашите пријатели од Euroimpex кои го возеа новиот Peugeot 5008. Еуроимпекс покрај поддршката во возното дефиле, пружи и одредени сервисни бенифиции за донаторите на овој хуманитарен настан.

Погледнете како изгледаше финалето на возењето кое заврши кај GP Cafe картинг центарот, веднаш до спортската сала Борис Трајковски во Скопје.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.