full screen background image
Search

Сакате Bentley теренец, а да не е Bentayga? Нема проблем!

Ако Bentley Bentayga не ви одговара на животниот стил, и не сакате класичен теренец туку сакате супер-луксузно спортско купе кое ќе оди насекаде – еве го автомобилот за вас!

Некој храбар (и многу, многу богат) херој решил да го направи ултимативниот луксузен оф-роудер – и како основа го искористил луксузниот Bentley Continental GT.

Автомобилот кој го гледате на фотографиите во моментов е огласен за продажба во Холандија – се работи за Bentley Continental GT произведен во 2004-тата година. Има поминато 85.166 километри и е конвертиран во оф-роуд спецификација.

Конверзијата вклучува подигнување на суспензијата за три инчи (скоро 8 сантиментри), преработена е воздушната суспензија и многу компоненти се поместени за да ги собере масивните тркала и теренските пневматици. Додадена е заштита под автомобилот, проширени се крилата, додадени се кровни носачи, LED светла на кровот, држач за резервно тркало и уште многу, многу повеќе.

Моќта доаѓа од веќе добро-познатиот 6-литарски твин-турбо W12 кој испорачува 550 коњски сили и 650 Nm вртежен момент. Bentley Continental GT веќе има систем за погон на сите четири тркала – па и тој дел од равенката е решен.

Не знаеме кој е херојот кој решил да го направи ова од своето Bentley, но му честитаме и го поздравуваме за храброста!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.