Женева 2018: Rimac Automobili го претстави својот нов хипер-автомобил – електричниот C_Two – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2018: Rimac Automobili го претстави својот нов хипер-автомобил – електричниот C_Two

Бројките кои хрватскиот производител ги објави се застрашувачки – 1888 коњски сили, 2300 Nm вртежен момент,  96 километри на час за 1.85 секунди и максимални 412 километри на час!

Секое од тркалата на C_Two е придвижувано од засебен електромотор. Предните тркала користат трансмисија со една брзина, додека задните тркала имаат менувачки кутии со две брзини. Сите четири мотори работат заеднички преку систем за насочување на вртежниот момент, а целиот погон е целосно конфигурабилен.

Моторите ги „храни“ батериски модул со капацитет од 120 kWh кој користи специјален систем со водено ладење. Овој систем ги одржува температурите ниски во услови на брзо возење – всушност, од Rimac кажуваат дека C_Two може два пати да го заврти Nurburgring без да има намалување на перформансите заради термална деградација.

Rimac C_Two има автономија од 650 километри според NEDC, но очекуваме таа бројка малку да се намали во согласност со новите WLTP стандарди на мерење. Но на Rimac не му недостасуваат технологии – дел од опремата се осум камери, два LIDAR уреди, шест радари, 12 ултрасонични сензори и GPS ресивер кој е исклучително прецизен – всушност, од Rimac кажуваат дека C_Two е нуди автономност од четврто ниво.

Производството на новиот автомобил ќе започне во текот на оваа година, и ќе бидат произведени само 150 примероци од електричниот мега-автомобил!

Видео

Галерија



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.