full screen background image
Search

Pagani Huayra Lampo – Мега-автомобил во чест на Fiat Turbina!

Pagani во соработка со Lapo Elkann подготви специјална изведба на Huayra – која го носи името Lampo и оддава почит на концептот Fiat Turbina!


Автомобилот е направен специјално за Garage Italia Customs и влече инспирација од Fiat Turbina концептот од 1954-тата година. Концептот на Fiat користел турбина за придвижување, а најзабележливата врска меѓу двата автомобили е токму комбинацијата на бои кои ги користат.

Зборот Lampo на италијански значи молња, а под бојата на Huayra Lampo можете да ја видите карбонската плетка на целата каросерија. Дополнително, Huayra Lampo добива карбонски елементи преземени од Huayra BC, а добива и поголеми отвори за воздух на предниот дел.

На фотографиите ќе забележите и детали кои ги носат боите на италијанското знаме, а кабината добива уникатен ентериер обвиен во кафена кожа која е рачно изработена од мајстор во Торино.

Специјалната Huayra Lampo го користи истиот 6-литарски AMG V12 твин-турбо бензинец кој испорачува 730 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент. Сосем доволно.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.