Премиера: Lexus RX L – Наменет за оние на кои им треба XL RX! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Lexus RX L – Наменет за оние на кои им треба XL RX!

Купувачите на Lexus конечно добија верзија на Lexus RX со три реда седишта.

Популарниот луксузен SUV на Lexus (кој ние веќе го возевме) одлично се бори со своите премиум конкуренти – но долго време му недостигаше опција со седум седишта за да биде вистински конкурент на новите големи SUV модели. Сега Lexus му го даде и тоа на својот популарен модел, па во играта влегува Lexus RX L.

Третиот ред е овозможен благодарение на продолжената каросерија (и тоа за цели 110 милиметри) и изменетиот агол на петтата врата. Сето ова е со цел да се понуди повеќе простор – како за третиот ред седишта, така и за главите на патниците.

Lexus RX L ќе се нуди во две комбинации – со седум или шест седишта. Ако ја изберете верзијата со шест, во вториот ред наместо стандардна „клупа“ има две засебни седишта кои се и покомфорни, и го прават уште полесен пристапот до третиот ред.

RX L ќе може да се нарача во две изведби – бензинскиот RX 350L кој е придвижуван од 3.5-литарски V6 кој испорачува 290 коњски сили, и за нас секако поинтересниот RX 450hL кој благодарение на хибридниот систем нуди вкупно 308 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.