full screen background image
Search

Освежениот Mercedes-AMG S63 Coupe стартува со Yellow Night Edition

За оние кои се подготвени да издвојат 200.000 евра, тука е специјалната серија на монструозниот S63 Coupe AMG која има 612 коњски сили!

Специјалната верзија во Германија ќе чини ситно над 202.000 евра, и ќе биде достапна само шест месеци. Купувачите ќе можат да го нарачаат специјалниот Mercedes-AMG S63 Coupe во Selenite Grey Magno или Night Black Magno црна боја, а каросеријата е дискретно дотерана со жолти детали.

Mercedes-AMG S 63 4MATIC+ Coupé Yellow Night Edition;Kraftstoffverbrauch kombiniert: 9,3 l/100 km; CO2-Emissionen kombiniert: 211 g/km*
Mercedes-AMG S 63 Coupé Yellow Night Edition;Fuel consumption combined: 9.3 l/100 km; CO2 emissions combined: 211 g/km*

Автомобилот ќе носи и аеро пакет, кој вклучува преден сплитер и заден спојлер, а достапни ќе бидат и AMG тркачки ленти. Во кабината ќе најдете жолти детали на AMG спортските седишта, управувачот, панелот со инструменти и уште на неколку места. Дел од стандардната опрема ќе биде и Exclusive пакетот кој вклучува Nappa кожа со контрасти опшивки, AMG значки, специјални AMG патосници и осветлени панели под вратите.

 

Како што напоменавме, цената во Германија ќе биде од 202.000 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.