full screen background image
Search

Новиот Porsche 911 Carrera T е најлесниот модел во 911-гамата!

Ознаката T означува Touring и пристапот на инженерите на Porsche бил да се намали тежината кај „основниот“ модел со цел да се добијат подобри перформанси.

Со новиот 911 Carrera T, Porsche претстави модел кој е наменет за ентузијастите  – а рецептот е едноставен – наместо само да се зголемува моќноста, ајде да ја намалиме тежината.

Името Carrera T означува Carrera Touring, а влече инспирација од 911 Т од 1968-мата година. Новата изведба го задржува 3-литарскиот боксерски 6-цилиндерски мотор од „обичната“ Carrera, кој испорачува сосем респектабилни 370 коњски сили и 460 Nm вртежен момент. Ова е доволно за да се постигнат 100 километри на час за 4.5 секунди, односно 4.2 секунди доколку го изберете со PDK менувачот. Обете верзии имаат максимална брзина од 290 километри на час.

Дел од приказната е и PASM спортската шасија која е пониска за 20 милиметри, Sport Chrono пакетот, интересни детали во ентериерот и управување на задната оска. Тежината е намалена – добивате полесни заден и странични проззорци, внатрешните рачки за отворање се заменети со платнени (како кај 911 GT3!), вградено е помалку звучна изолација, извадени се задните седишта (но можат да бидат вратени без доплата), а стандардно ќе добиете и скратена рачка од менувачот со пократок од.. Стандардно ќе доаѓа со спортски седишта обвиени во Sport-Tex материјал, но доколку сакате, ќе можете да добиете и спортски „bucket“ седишта. Сето ова значи тежина од само 1425 килограми – ова е најлесниот 911 во понудата на Porsche!

911 Carrera T ќе го препознаете по предниот аеро-додаток, страничните 911 Carrera T ознаки и уште неколку други детали. Ќе може да се добие во неколку различни бои – Black, Lava Orange, Guards Red, Racing Yellow, White и Miami Blue, а доколку сакате металик боја, ќе можете да изберете меѓу Carrara White, Jet Black и GT Silver. Нарачките се веќе отворени – 911 Carrera T во Германија ќе чини од 107.553 евра.

Поврзано:   Porsche Boxster Bergspyder е визија за насленик на 909 Bergspyder



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.