XC60 не само што е еден од најпопуларните модели на Volvo, туку е најпродаван автомобил во својата класа – и бестселерот на Volvo денес беше промовиран пред македонската јавност!
Промоцијата на XC60 можеше да се гледа и во живо преку интернет, на Facebook страницата на Volvo Cars Македонија. Новиот XC60 е поставен на SPA архитектурата на Volvo, и може да се нарача со неколку турбо-бензински или турбодизел мотори, како и во неколку нивоа на опременост – опремениот Momentum, луксузниот Inscription и спортскиот R-Design.
Врв на понудата е XC60 T8 кој носи хибриден погон со вкупно 408 коњски сили, но секако, тука се и турбо-бензинците Т5 и Т6 кои нудат 254, односно 320 коњски сили. Доколку сакате турбодизел, тука се D4 и D5 моделите кои нудат 190 односно 235 коњски сили. Од Volvo кажуваат дека сите верзии се исклучително еколошки и имаат ниска емисија на CO2.
Продажбата на новиот XC60 е веќе започната, и нашите пријатели од Ми Да Гранд Моторс ги канат сите заинтересирани во својот салон одблиску да го видат (па и да го повозат) новиот XC60. Заедно со премиерата, промовирана е и специјалната понуда за XC60 Momentum+ со 190-коњскиот D4 турбодизел, погон на сите четири тркала, автоматски менувач и многу опрема по цена од 52.990 евра.
Погледнете како изгледаше во живо презентацијата на Volvo XC60 во Македонија!