ПРЕМИЕРА: Новиот Audi A8 – Целосно-ново премиум искуство! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новиот Audi A8 – Целосно-ново премиум искуство!

На својот прв Audi Summit, германскиот производител тукушто го претстави својот нов знаменосец – новиот Audi A8 – кој со новите мотори, новите технологии и новите премиум услуги на брендот најавува целосно ново премиум искуство!


Новиот Audi A8 го исполнува ветувањето кое го направи Prologue концептот претставен пред неколку години – и отворено го претставува дизајнерскиот јазик во кој ќе се движи германскиот премиум бренд. Важни делови од приказната се спортското наследство на брендот, лесната конструкција и Quattro погонот на сите четири тркала – и сето ова резултира со новиот луксузен седан.

Static photo
Colour: Volcano Red

Минимализмот е главен естетски принцип кој го следи дизајнот на новиот А8 – особено во ентериерот! Black Panel централниот панел е основата во која се интегрирани сите екрани чувствителни на допир и токму ова е основата врз која е изграден автомобилот и неговиот ентериер.

Надворешниот дизајн го карактеризираат остри и прецизни линии – предниот дел е скоро вертикален, а кровната линија е ниска и долга – всушност, од Audi кажуваат (а ние се согласуваме) дека силуетата на новиот А8 е скоро купеовска – нешто што е вистински новитет во оваа класа. На предниот дел доминираат Matrix LED светлата, а на задниот дел доминира хоризонталната светлосна група изработена со OLED технологија.

Cockpit

Новиот Audi A8 може самиот да ја преземе улогата при различни брзини, и возачот може да ги тргне рацете од управувачот. AudiAi е нова платформа на Audi која ќе биде сè повеќе присутна во сите автомобили на брендот и ќе води кон поекстензивна автономизација на возилата. AudiAi Traffic Jam Pilot технологијата ќе му овозможи на возачот да се опушти во метеж и автомобилот самиот ќе ја преземе контролата.

Поврзано:  Во салонот на Audi е изложен електричниот Q4 e-tron

Audi е првиот производител кој користи ласерска камера за да го следи сообраќајот – и токму новиот А8 ја добива оваа технологија. На самиот почеток ќе се нудат два 3-литарски мотори – 3-литарски TFSI и 3-литарски TDI, а понатаму ќе се добијат и V8 мотори, како и врвниот W12. Продолжената A8L верзија ќе добие и плаг-ин хибридна изведба.

Interior

3-литарскиот TDI ќе испорачува 286 коњски сили, а бензинскиот мотор до 340 коњски сили. 4-литарскиот TDI V8 кој ќе биде додаден во понудата понатаму ќе нуди 435 коњски сили, а бензинскиот 4-литарски V8 ќе испорачува 460 коњски сили. Сè уште не е позната моќта на 6-литарскиот W12, но знаеме дека A8L e-tron Quattro ќе комбинира 3-литарски TFSI со електромотор за вкупна системска моќност од 450 коњски сили и 700 Nm вртежен момент, и ќе има автономија на електрична енергија од 50 километри.

Сите верзии ќе се нудат со 48-волтен електричен систем, а новиот алтернатор-стартер овозможува мазно стартување на автомобилот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.