Утринска Гимнастика: Новиот Volkswagen Arteon во движење – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Новиот Volkswagen Arteon во движење

Германскиот производител започна интензивно да го промовира новиот Arteon, и веќе го објавија првото видео каде ги истакнуваат силните страни на новиот купе-хечбек-седан!

Продажбата се очекува да започне во втората половина од оваа година, но интересот за Arteon е веќе голем. Кога ќе пристигне на пазарот, Arteon ќе се нуди со шест бензински и дизел мотори. Понудата ќе започне со 1.5-литарскиот TSI кој испорачува 150 коњски сили, а веднаш над него е 2-литарскиот TSI кој ќе нуди 190 или 280 коњски сили. Во турбо-дизелската понуда ќе се најде 2-литарскиот турбодизел во TDI и BiTDI варијанта, односно со 150, 190 или 240 коњски сили доколку го изберете BiTDI.

Основниот бензинец и двата „послаби“ турбодизели ќе можат да се добијат со мануелен или автоматски менувач, додека помоќните бензинци и врвниот турбодизел ќе се нудат исклучиво со 7-брзински DSG автоматски менувач со двојна спојка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.