full screen background image
Search

Новиот Brabus Ultimate 125 е Smart од 50000 евра!

Тјунерите од Brabus направија лимитирана серија базирана на Smart Fortwo, од која секој примерок ќе чини 50000 евра.

Како што кажува името, ќе бидат произведени само 125 примероци од малиот автомобил придвижуван од 0.9-литарски три-цилиндарски агрегат со 125 коњски сили. Истиот му овозможува забрзување од 0-100 км/ч за 9.2 секунди и електронски ограничена максимална брзина од 175 км/ч. Ако се прашуваме ние, и тоа е многу.

Сите примероци се обоени во специјална светло тиркизна нијанса наречена Blu Gauco и доаѓаат со широк бодикит, кој вклучува додатоци на страничните крила, редизајнирани браници, нови прагови и заден дифузер. Моделот Ultimate 125 е поставен на 18-инчни фелни обвиени во пневматици со високи перформанси и профил од 205/35 R18 напред и 235/30 R18 позади.

Кабината е исто така обвиена во кожа со истата боја како екстериерот, вклучувајќи ги инструмент таблата, делови од панелите на вратите и воланот, како и неколку дополнителни елементи. Тука се и Brabus украсни плочки со осветлување на праговите, педали од не’рѓосувачки челик и специјални патосници.

Brabus Smart Fortwo Ultimate 125 дебитираше на автомобилскиот саем во Женева.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.