Од неговото лансирање во Соединетите Американски Држави минатото лето, Ford има продадено над 3,500 примероци од новиот Focus RS.
Тоа во превод значи дека 500 возила нашле дом секој месец, а исто така и дека во просек биле продадени околу 16 на ден. Најголем купувач на Focus RS е Калифорнија со продадени 627 до сега, а потоа следат Мичиген со 256, Тексас со 244, Флорида со 230 и Пенсилванија со 192 испорачани примероци.
Според Ford, просечната цена која е платена за способниот спортски компакт во САД изнесува 42,351 долар, што е всушност повеќе од 6,000 долари над неговата основна цена. „Виновен“ за ова е пакетот RS2, кој стана омилен на тој дел од светот и е одбран од повеќе од 62 проценти од купувачите.
Покрај глобалниот тренд од претходните години, кој ја водеше белата како најпопуларна боја, 32 проценти од сите Ford Focus RS возила испорачани во САД биле обоени во Stalth Grey сивата боја, 30 проценти се одлучиле за Nitrous Blue сина, 20 проценти за Shadow Black црна, додека Frozen White бела побарале 18 проценти од купувачите.