full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Снежно танцување со Audi R8 и Lamborghini Gallardo!

Една од добрите страни на снежните денови е забавата која ја нудат широките паркиралишта и автодроми, поготово кога се наоѓате позади воланот на суперавтомобил со погон на сите тркала.

Во ова видео гледаме битка во лизгање помеѓу Audi R8 и Lamborghini Gallardo, како и еден Mercedes-AMG GL63 кој се појавува неколку секунди. Акцијата е снимена на автодромот Сент-Устаж во Квебек, Канада, а во описот на видеото стои дека суперавтомобилите на моменти достигнувале брзина од 160 км/ч.

Погледнете го видеото и уживајте во танцот!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.