full screen background image
Search

Lamborghini го претстави новиот Aventador S со 740 коњски сили и управување на сите четири тркала!

Додатокот „S“ означува освежен, помоќен и подинамичен Aventador – освежениот 6.5-литарски V12 сега испорачува 740 коњски сили кои се испорачуваат кон сите четири (управливи) тркала!

Веднаш ќе ги забележите козметичките измени – сепак, тука зборуваме за прилично значителен „средновечен“ фејслифт за Aventador (кој верувале или не, се нуди веќе скоро шест години!). Aventador S има поагресивен преден дел со голем преден сплитер, нов заден дифузер и исфрлени „крила“ кои малку асоцираат на легендарниот Countach.

Сите козметички измени резултираат со 130 проценти подобрена потисна сила на предниот дел во однос на претходникот. Задниот спојлер може да биде нагоден на три позиции, и ја подобрува аеродинамичната ефикасност помеѓу 50 и 400 проценти во зависност од позицијата. Како што веќе напоменавме, врескачкиот атмосферски V12 сега нуди 740 коњски сили повеќе (40 повеќе од досега) и вкупно 690 Nm вртежен момент. „Црвената линија“ е поместена од 8350 на 8500 вртежи во минута, а сите овие измени резултираат со спринт до 100 километри на час за само 2.9 секунди и максимална брзина од 350 километри на час.

Новиот Aventador S е првиот сериски модел на Lamborghini кој доаѓа со управување на сите четири тркала. Системот ја подобрува агилноста на ниски брзини и ја подобрува стабилноста на повисоки брзини. Дополнително е рекалибриран и системот за дистрибуција на моќта кон тркалата, па дури 90% од вртежниот момент може да биде префрлен на задната оска. Секако, Lamborghini не би биле Lamborghini доколку не воведат малку егоизам во приказната – па сега меѓу Strada, Sport и Corsa режимите, возачите го имаат на располагање и Ego (да, Ego) режимот кој ќе и овозможи самите да си ги прилагодат суспензијата и погонот во согласност со сопствените барања. Дел од пакетот се и новите карбон-керамички сопирачки, и специјално-развиените Pirelli P Zero пневматици.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Lamborghini Huracan EVO Spyder

Испораката ќе започне следната пролет. Цената, секако е висока – во Европа цените ќе започнуваат од нешто над 280.000 евра, и тоа без даноци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.