full screen background image
Search

Techart го претстави новиот 911 GTstreet R со 711 коњски сили!

Перформансите на монструозниот 911 Turbo не ви се доволни? Тука е TechArt со својот 911 GTstreet R кој доаѓа со екстремен бодикит и 711 коњски сили!

Екстремниот бодикит доаѓа со изменети браници, странични прагови и голем заден спојлер – сите од карбон, секако. Бодикитот е функционален, само задниот спојлер нуди околу 350 килограми потисок при 300 километри на час! Замислете го GTstreet R во една боја наместо оваа пошарена комбинација – и може да изгледа како да е фабрички модел.

Луѓето од Techart нудат и модификации на моторот – и тоа неколку нивоа. Понудата започнува со „основниот“ пакет кој ја зголемува моќноста на 632 коњски сили, а врвниот пакет ја зголемува моќноста на импресивни 711 коњски сили и земјопоместувачки 920 Nm вртежен момент. Секако, во играта улога има и уникатниот издувен систем кој користи пневматски вентили за во реално време да го регулира задниот притисок. Сето тоа звучи импресивно, но сигурни сме дека не е евтино.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.