Утринска Гимнастика: Mercedes-Benz најавува електричен кросовер! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Mercedes-Benz најавува електричен кросовер!

Германскиот производител на луксузни возила се впушта во играта со електрични автомобили – во Париз ќе претстави луксузен, електричен кросовер!

Веќе подолго време се најавува дека Mercedes-Benz подготвува цела гама на електрични возила – примарно за да понуди алтернатива и конкуренција на Tesla, но и за да го задржи приматот кој го има меѓу производителите. Токму во Париз, Mercedes-Benz ќе ни понуди можност да видиме во иднината на својата електрична гама – и тоа со електричен кросовер.

Сега за сега, немаме никакви информации, освен краткото видео кои тие го објавија – но можеме да забележиме детали од екстериерот и ентериерот. Она што го кажуваат е дека „концептот претставува конкретна визија за целосно нова генерација на возила со електричен погон“. Познавачите кажуваат дека концептот ќе користи детали од минатогодинешниот Concept Intelligent Aerodynamic Automobile, а ќе резултира со сериски модел со автономија на електрична енергија од околу 500 километри.

Автомобилот се планира да биде претставен во 2019 и ќе биде првиот од низа електрични возила кои Mercedes-Benz во моментов ги развива.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.